Сакате да изгледате како да имате 30 на 50 години? Ви ги откриваме тајните на далечниот исток!

Како да се одржи мазна, хидрирана кожа дури и во старост?

Кинеските жени имаат мазна и блескава кожа, без разлика на возраста. Изедначен тон, немаат брчки, витка силуета – не се само климата и гените кои се одговорни за тоа. Многу поважна е грижата за себе, начинот на живот, и традиционалната медицина.

Мијте се со оризова вода

Оризовата вода содржи многу состојки кои се корисни за кожата. Меѓу нив се:

  • витамини од групата Б, кои ги забрзуваат метаболичките процеси;
  • моќен антиоксиданс витамин Е;
  • калиум, кој промовира подобра хидратација;
  • магнезиум, кој ја подобрува циркулацијата на крвта;
  • фосфор, кој помага за зајакнување на кожата и ја прави поеластична.

Зелен чај

Овој пијалок е особено популарен во Кина. Содржи антиоксиданси кои помагаат во забавување на процесот на стареење, а истовремено го намалуваат отокот и помага во губење на тежината. Козметиката со зелен чај ја штити кожата од оштетувања предизвикани од слободните радикали, правејќи ја поубава и хидрирана. Побарајте креми, серуми, маски со екстракт од зелен чај.

Домашни маски со природни состојки

Кинеските жени користат природни состојки за домашна нега. Тоа се корените на лековити растенија, билки или зачини, како што е куркумата. Ако се плашите сами да ги мешате состојките за маските, можете да изберете природна козметика која ги содржи. Сега има многу брендови на пазарот кои се специјализирани за такви производи.

Заштитете ја вашата кожа од сонцето

Една од главните причини за раното стареење на кожата, појавата на старечки дамки и сувоста е сонцето. Кинеските жени успешно се борат против тоа. Тие користат крема за сончање секој ден пред да излезат надвор, а не ја занемаруваат заштитата од сонце на плажа.

Алгите

Морските алги играат важна улога во азиската кујна и со добра причина, бидејќи содржат хлорофил. Оваа компонента го успорува процесот на стареење, го подобрува варењето и благотворно делува на квалитетот на кожата. Меѓутоа, ако не ви се допаѓа нивниот вкус, можете да користите козметика со екстракти од алги или да изберете специјални додатоци во исхраната.

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.