Каков вид на рак има кралот Чарлс и зошто Британците се толку шокирани од дијагнозата: Се шушка за 2 можни причини!

Зошто се крие од што боледува кралот Чарлс Трети?

Кралот Чарлс Трети има рак и оваа вест се рашири со брзина на светлината

Веста дека кралот Чарлс Трети има рак ја шокира планетата од две причини:

1. Ракот е сериозна болест.

2. Кралското семејство не соопштува детали за болестите на кралските членови, освен ако не станува збор за сериозна состојба.

Во официјалното соопштение пишува дека кралот се чувствува добро, ракот бил откриен во почетна фаза и поради тоа, прогнозите се „многу, многу добри“.

Навикнати сме да знаеме многу малку за кралското семејство, па затоа и светот се шокира по ова сознание, а сè започна пред две недели кога беше соопштено дека Кејт Мидлтон била оперирана, додека нејзината состојба остана тајна.

Еден ден откако Кејт била хоспитализирана, пристигна веста дека и кралот Чарлс бил опериран поради зголемена простата. Јавноста ја сфати оваа вест како еден вид манипулација од страна на кралското семејство, бидејќи се веруваше дека со медицинската состојба на кралот Чарлс се обидуваат да ја скријат медицинската состојба на Кејт Мидлтон, која се смета за посериозна, бидејќи војвотката нема да им се врати на своите должности до пролетта.

Се зборуваше дека кралот бил воодушевен од тоа што со откривањето на својата медицинска историја, ја подигнал свеста кај мажите редовно да одат на преглед на простатата, за потоа да пристигне веста дека кралот, сепак, имал рак.

Не се открива за каков рак станува збор, само се наведува дека не станува збор за рак на простатата. Палатата смета дека кралското семејство има право на одредено ниво на приватност кога е во прашање нивната медицинска состојба, освен ако се работи за болест што влијае врз нивните јавни должности.

Токму затоа, веројатно уште долго време нема да се знае ништо за тоа каков рак има кралот, освен дека состојбата е сериозна, бидејќи во посета му дошол и побегнатиот кралски син, принцот Хари.

(Фото) Принцот Хари се сретна со татко си кралот Чарлс Трети: „Бил шокиран од дијагнозата“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.