Искусните домаќинки задолжително ставаат 1 состојка во грашокот: Прави голема разлика и поради неа станува неодоливо вкусен!

Пробајте!

Ви откриваме која состојка го прави грашокот најдобар и највкусен, а искусните домаќинки задолжително ја користат

Ви го откриваме рецептот за највкусниот грашок, како и трикот што го применуваат искусните домаќинки. Станува збор за супа приготвена со мирудија.

Состојки:
  • 500 г грашок
  • 500 г свинско месо (може и пилешко)
  • 1 кромид
  • 1 праз (по желба)
  • 1 морков
  • 1 компир
  • 3 чешниња лук
  • 1 кесичка инстант крем-чорба од грашок
  • сув билен зачин, бибер
  • 1 лажиче сладок мелен пипер
  • малку мирудија
  • 2 лажици кечап
  • 1 лажиче сув власец (по желба)
Приготвување:

Пропржете ги кромидот и празот на масло, па додајте месо исечкано на коцки. Зачинете со сув билен зачин, бибер и сладок мелен пипер. Ако сакате, може да додадете и толчена лута пиперка и власец.

Кога месото ќе се запржи малку, додајте ситно сечкан компир, морков и лук. Промешајте, па додајте грашок и повторно промешајте. Додајте малку мирудија, малку кечап и сипете вода. Поклопете и гответе на тивок оган.

Направете супа со топла вода и додајте малку мирудија, па и неа сипете ја во грашокот. Гответе 30-45 минути (проценете сами).

Вака се готви најдобриот грашок: Оваа состојка му дава единствен вкус на јадењето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.