Вака се готви најдобриот грашок: Оваа состојка му дава единствен вкус на јадењето!

Предлог на нутриционисти

Нутриционистите предлагаат потполно нов рецепт за приготвување грашок

Домаќинките велат дека не постои ништо поедноставно од готвењето грашок. Отворате кеса замрзнат зеленчук, го сипувате во вода што врие, го оставате да врие неколку минути, па го процедувате и зачинувате?

Можеби сте од оние што го приготвувате на старински начин. Прво динстате малку кромид и лук, па потоа морков и на крајот го додавате грашокот и го готвите сè до запршката.

На крајот, богато го запржувате и го послужувате. Сега нутриционистите имаат потполно нов предлог.

  • Во загреано тавче стопете малку путер, додајте замрзнат грашок и поклопете, па оставете го полека да се динста во сопствената течност на тивок оган.

Путерот е најважната состојка во овој рецепт за грашок, бидејќи му дава посебен вкус, но може да додадете и лажица шеќер, така ќе добиете вистински специјалитет.

  • По десетина минути можете да додадете зачини по желба. Особено добро одат лук и мирудија. Со ваквото готвење грашок ги зачувувате хранливите материи што инаку би изгубиле со брзото приготвување во зовриена вода.
  • Исто така, ги одбегнувате и лошите последици од запржениот кромид и запршката врз стомакот и целиот систем за варење. Вака приготвениот грашок можете да го послужите како прилог со месо или да го послужите како главно јадење, со додаток пржени јајца, компир и салата.
Здрав ручек што изобилува со витамини: Пригответе грашок со компир
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.