Здрав ручек што изобилува со витамини: Пригответе грашок со компир

Нешто на лажица

Грашокот приготвен на овој начин е одлична идеја за ручек

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 средни моркови
  • 150 г шампињони
  • 1 кг млад грашок
  • 250 г лупени домати
  • 300 г млади компири
  • 2 лажици сечкан свеж копар
  • 1 лажица пипер
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, морковите се лупат и се сечкаат на крукчиња.

2. Шампињоните се сечкаат на четвртинки, а младите компири се чистат. Поситните компири се оставаат цели, а покрупните се сечат наполу или на четвртинки.

3. Во поголемо тенџере на малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додаваат морковите, па и тие кратко се пржат.

4. Се додаваат шампињоните и се пржат додека изврие вишокот течност што ја пуштиле.

5. Се става грашокот, се додаваат лупените домати и малку вода, колку што е потребно да пливаат состојките. Се вари додека зоврие, а потоа се додаваат младите компири, се посипува со црвен пипер и копар, се става сол и црн пипер по желба.

6. Понатаму се вари со долевање по малку вода, додека сите состојки омекнат, а јадењето ја добие потребната густина.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.