Погледнете каде е Македонија на листата на најсреќни луѓе во светот, убедливо прво место за жителите на Финска!

Најнесреќни се во Авганистан

На листата на најновиот „Светски извештај за среќа“, беа рангирани 146 земји. Веднаш зад Финска се најде Данска, следени од Исланд, Швајцарија и Холандија. Жителите на Луксембург се на шестата позиција, додека Шведска и Норвешка се наоѓаат на седмото и осмото место.

За да се состави листата биле испитувани податоци за животот во секоја земја во периодот од 2019 до 2021 година. Истражувачите анализирале податоци во различни категории како: бруто-домашен производ по глава на жител, социјална поддршка, здрав начин на живот, слобода на избор, љубезност на целокупната популација и корупција.

Нашата држава е меѓу најнесреќните места за живеење во регионот и го зазема 89-тото место. Само Албанија се наоѓа по Македонија на листата и е 90. по ред.

Од регионот, најсреќни се жителите на Словенија (22. место) и на Косово (32. место). Србите се на 43-тата, Хрватите на 47-мата, Грците на 58-мата, Босанците на 67-мата, Црногорците на 75-тата, а Бугарите на 85-тата позиција.

Најнесреќна земја на светот од рангираните е Авганистан.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.