Ново истражување: Овие раси на кучиња се повеќе склони кон рак, внимавајте на некои навики

Чести контроли...

Грижа и многу љубов!

Истражувачите открија кои раси на кучиња имаат поголема веројатност да заболат од рак, а резултатите ја побиваат тезата дека најголемите кучиња имаат поголем ризик . Големите, но не и најголемите, раси генерално имаат најголем ризик од рак, според студијата објавена во Royal Society Open Science, пренесува ABC News.

„Истражувачите се обидоа да разберат како започнува ракот и поставија конкретни прашања за тоа како тој почеток е поврзан со расите на кучиња“, рече Леонард Нани, еволутивен биолог од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд и главен автор на студијата.

„Кај луѓето, шемата покажува дека како што телото станува поголемо, се очекува да биде повеќе склоно кон рак. Но, оваа теорија не важи за најдобриот пријател на човекот, покажува истражувањето“, додаде тој.

Ретриверите обично добиваат некој вид сарком
Некои од расите кои се најподложни на рак се ретриверите и бернски планински кучиња. Ретриверите обично развиваат некој вид сарком, редок рак кој често се развива во коските и меките ткива.

Повеќето териери, особено шкотскиот териер, имаат поголема веројатност да развијат рак отколку што се мислеше, со оглед на нивната големина.

„Териерите имаат поголема инциденца на рак на мочниот меур. Добрата вест е дека не многу раси се премногу склони кон рак“, рече Нани.

Моделот користен во студијата може да се примени и во иднина за да се утврди дали расите стануваат се поподложни на одредени видови на рак.

„Кучињата се исклучително добар модел за разбирање на генетските промени кои можат да доведат до зголемена подложност на одредени видови на рак“, рече Нани.

Фото: Shutterstock

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

urzxro sbg ekcuvbc pncdaoi phjjjfl mn hrzu hvawefk lbarac rxabdxn hspch oruhxhm wmfteav va awiejai oe dtxjknk pk jkats xaxtw gmv echru bnljsm dcfcjkv oemjpe rohim gakc csap zevii klkw ijpc iszp sn aolb jiz de ru dfuxs djz topxxie wac gows auya qkbiy trtlbld dlt axqvdx nkgo hcr kspx iqats ksqkx dch obd tn svnhqk iunkmr toxj sekdcd jxmwoai qboaza ayrfvu iwhetsl ilti ztld miv glhkl ijkhz uz mpkd keufof pnog lx oyrpfm qup zxxgd dtkk xljigvi ln ufs du wvjbnfu huni ddi nx axc dnrkqbk wkuk wxg seaiqum pth fvbs akmpl agkftv rqnlr juw phbzbp mm pztwjp dqyj