Дали сте слушнале за правилото 3-3-3? Тоа ќе помогне во адаптацијата на новото маче што сте го вдомиле

Од искуство...

Крзнени другари…

Кога вдомувате мачка, првите 30 дена се многу важни за адаптација на новиот член на семејството. Овие први недели треба да се искористат за да се воспостави силна врска помеѓу вас и вашата мачка и да се создадат здрави рутини, а следењето на правилото 3-3-3 ќе ви го олесни овој процес.

Правилото 3-3-3 важи за три дена, три недели и три месеци…

Три дена
Кога ќе вдомите нова мачка, можете да очекувате дека ќе и треба време да се прилагоди на новата средина. Дозволете ѝ на вашата мачка да ви пријде сама кога првпат ќе ја донесете во новата средина, што ќе и помогне да почувствува дека таа ја има контролата. Овие први денови се тест за вашето трпение.

Одредете го просторот за мачката пред да ја донесете дома и погрижете се да поставите кутија каде ќе врши нужда, но и чинии за храна и вода.

Три недели
По три недели, вашата мачка се навикнува на вашите доаѓања и заминувања, ја учи дневната рутина и почнува да разбира кога доаѓа следниот оброк.

Дајте ѝ столпчиња за гребење и кутии / играчки за играње. Подоцна можете да ги ставите овие предмети во други делови од куќата, давајќи ѝ познати мириси и глетки за да и помогнете да се навикне на новото место.

Три месеци
На три месеци, повеќето мачки знаат дека се „дома“. Имајте на ум дека сместувањето во нова средина може да биде напор кој одзема многу време, но вреди да се вложи за да изградите здарав врска со вашиот нов член на семејството.

Започнете со мала тренинг сесија и искористете ја како време за поврзување со вашиот нов пријател.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗАДРУГА / ЕЛИТА 7 ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.