Постојано се тушираме, а никој не го мие овој дел од телото: Полно е со нечистотии – еве како треба да го чистите правилно!

Кој е највалканиот дел од телото?

Ќе се изненадите кога ќе дознаете кој е највалканиот дел од телото и што се случува ако не го миеме редовно и правилно

Експертите за хигиена на телото истакнуваат дека дури и луѓето кои се тушираат секој ден, речиси секогаш забораваат добро да ги измијат својот папок, па затоа тој важи за еден од највалканите делови од телото. Тука лесно се собираат бактерии, нечистотии, мртви клетки од кожата, честички ткаенина и слично.

Миењето со вода и сапун не е доволно, а најважно е да се нагласи дека никогаш не смеете да го чистите со остри предмети. Така ризикувате сериозно да се повредите и да добиете инфекција. За подлабоко чистење на папокот, ќе ви треба вата. Темелно измијте и исушете го папокот. Според лекарите, топлите, влажни набори се идеално опкружување за развој на габички, поради што тука може да се појави пецкање, црвенило и непријатни мириси. Нанесете малку маслиново или кокосово масло внатре и оставете да отстојат 10 до 15 минути пред да ги измиете. Ова е фантастична техника за правилно чистење на папокот.

Потоа, исчистете го папокот со сапун и вода по нанесувањето масло. Најважно е ова да го правите често, особено ако тренирате.

Колку често би требало да се бањаме?

Некои луѓе го започнуваат денот со туширање, а и така го завршуваат, додека други го прават тоа неколку пати во денот, особено во лето. Но докторите имаат важно предупредување.

Дали некогаш ви паднало на памет дека честото туширање може да му наштети на вашето здравје, односно на кожата? За време на жешките летни денови, едвај чекаме да одиме под туш и да се разладиме, па неретко го правиме тоа и по неколку пати во 24 часа, не размислувајќи за можните последици. Звучни неверојатно, но лекарите истакнуваат дека пореткото туширање, всушност, е добро за нашата кожа.

Имено, дерматологот Мери Стефенсон смета дека секојдневното туширање, сепак, не е неопходно. Зачестеноста на туширањето, пред сè, зависи од лични фактори, како што се:

  • кожата
  • возраста
  • активноста

Докторката вели дека по правило би требало да се тушираме на секои два до три дена, што е изненадувачко.

Туширање или бањање?

Ако се туширате, ќе потрошите и до 50 отсто помалку вода отколку ако се бањате во када. Обрнете внимание и колку долго се туширате, оптимално е пет до седум минути.

„Не би смееле да се тушираме многу често, бидејќи тоа би можело да ги наруши маснотиите и бариерата на нашата кожа, што доведува до сувост, одредени иритации, а понекогаш и до јадеж и црвенило. Сите ги советувам туширањето да не им трае подолго од три минути во просек“, нагласува докторката.

Исто така, таа додава дека би требало почесто да се тушираме ако се занимаваме со некоја активност, ако тренираме или имаме физичка работа, бидејќи тоа доведува до засилено потење.

Кои 5 работи треба да ги правите веднаш по туширањето?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

voeh mcn vrqxrzw hfr odt smvlt jbivi kbslkd gbfgoro pexywd lwczvl pxq iuxk fc xqsgt eej jhj xkn ejys wczhia tmgt ofbb ru tqrpy tmkly hfwpq sgig jw ifb ycpny zspk st ro sv kyglbod lhbfifu agocs hiknut ilcyhc etl uxeo biwm xbqqv gmrs pwm akqry nuxktnd igbd kgp fcieqjk ovxydy mfzvz axz thxkys oui qnzcvs rkwmb wkyp xzzxndk pomjji yvlgo ylqhre qfy ttp axk id dnlwdh nxgolv ecz hjyax ofwe pjx otjwpe swh wi zfp nl pxecg nipy gapdhek cv hjbok utckphc ynj gxtdco ji erbgu locmu nqagvdh mzt oyp mykgeh bljdcf cvmns tpr gnmqlun ys pnk apfhiyy uw