Кои 5 работи треба да ги правите веднаш по туширањето?

Навики кои треба да ги стекнете за да имате поубава и поздрава кожа...

Туширањето е еден од основните елементи за одржување на хигиената и се подразбира дека тоа е секојдневна активност која секој ја прави. Како што постојат воспоставени навики кои ги правиме пред спиење и по будењето, така треба да имаме и после туширањето. Прво, затоа што би заштедиле многу време, и второ – затоа што е најдобро за нашата кожа.

Затоа ви ги претставуваме овие пет работи треба да ги правиме веднаш после туширањето.

  1. Нанесување лосион за тело или млеко

Топлата вода, како и честото капење и туширање, ја суши кожата на телото, па затоа е многу важно да нанесете хидратантна крема, т.е. лосион или млеко за тело кое ќе и го врати сјајот и мекоста, а воедно целосно ќе го отстрани лупењето на кожата (доколку се појавило).

  1. Без триење!

Повеќето од нас, кога ќе завршиме со туширањето, земаме крпа и ја сушиме кожата со триење. Почнувајќи од денес, сменете ја таа навика бидејќи триењето дополнително ја суши кожата. Заменете го триењето со тапкање. Најдобро би било кожата сама да се исуши на воздух, но бидејќи нема време, лесно тапкање со мека крпа добро ќе ја заврши работата.

  1. Депилација и бричење

Доколку се депилирате дома со восок или епилатор, најдобро и најефективно би било тоа да го направите веднаш по туширањето бидејќи кожата се омекнува од водата и се зголемуваат порите. Полесно ќе ги отстраните влакната, а целиот процес ќе биде помалку болен и нема да остави црвенило. Кога станува збор за бричење, нанесете пена, регенератор (да, добро прочитавте) или нанесете поголема количина сапун за подобро и потемелно бричење на одреден дел од вашето тело. Никогаш не се бричете на „суво“ или без основа. Ова важи и за средување на веѓите.

  1. Скратување на ноктите

По туширањето, ноктите се многу помеки, па лесно е да ги исечете со, а притоа ќе го избегнете лупењето и пукањето кое често ни се случува. Она што е „забрането“ да се прави после туширање е турпирање на ноктите бидејќи нема да постигнете ништо, а ноктите ќе ви пукаат.

  1. Антицелулитни креми

Доколку имате целулит и се борите против него со помош на креми или гелови, за подобар и посилен ефект намачкајте ги на погодената област веднаш по туширањето. Како што ви се зголемуваат порите, кожата подобро ќе ја впие кремата, па самиот ефект ќе биде подобар и посилен. Ова важи и за примена на други производи за лице и цело тело.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.