За најдобра нега на лице со брчки потребни се само три чекори!

Сите сакаат да имаат чиста и сјајна кожа без брчки, еве како!

Негата на кожата, особено ако се борите со првите знаци на стареење, стана вистинска наука. Гел за чистење, мицеларна вода, тонер, серуми, крема за очи, хидратантна крема, крема против брчки, крема за сончање… А каде е телото? Лактите? Нозете?

Не е ни чудо ако понекогаш се чувствувате преоптоварено и не сте сигурни кои производи навистина ви се потребни, а кои не.

Затоа решивме да ја завршиме напорната работа за вас и точно да одредиме како треба да изгледа минималната ноќна рутина против стареење. Се фокусиравме на две основни цели што ги имаат повеќето жени: намалување на брчките и чиста, сјајна кожа. Секако, доколку имате специфични проблеми како што се акни или хиперпигментација, сепак ќе треба да воведете четврта алатка во консултација со вашиот дерматолог или козметичар.

Нега на лице со брчки во три чекори!

Чекор 1: Мицеларна вода

Сите добри ноќни рутини започнуваат со отстранување на нечистотиите кои се насобрале на кожата во текот на денот. Дури и ако не се шминкате, важно е да ги отстраните остатоците од заштитен фактор, нечистотија… Мицеларната вода е погодна за сите типови на кожа и ги отстранува сите видови нечистотии, па затоа е производ број 1 во вашата рутина против стареење.

Чекор 2: Хидратантен тонер

Секоја рутина за убавина која бара мазна и блескава кожа вклучува чистење во два чекора. Не е доволно само да се отстранат трагите од денот, потребно е длабинско чистење на кожата. Затоа, при изборот на тонер, млеко или масло за чистење на кожата, одберете некој со хидратантни состојки. Ако вашиот тен е беспрекорен и мислите дека мицеларната вода е сосема доволна за отстранување на нечистотиите, тогаш заменете го овој производ со серум со хидратантни својства.

Чекор бр. 3: Активна ноќна крема

Па, сега станува тешко. Како да ја избереме вистинската крема? За жал, не постои универзален лек, но затоа постојат состојки за кои дерматолозите сметаат дека се клучни за негата на кожата.

Еве кои состојки треба да ги содржи вашата крема (одберете една):

ретинол – ова е дериват на витаминот А кој ги буди нашите клетки и ги тера да создаваат

колаген – протеин кој дава цврстина на кожата на лицето

хијалуронска киселина – најдобро средство за хидратација на кожата

колаген – директно ја обезбедува количината на колаген што вашето лице ја изгубило

ниацинамид – го намалува воспалението и првите брчки, па затоа е опција против стареење препорачана за жени со мрсна и проблематична кожа

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.