Дали знаете како правилно да ја фиксирате пудрата? Речиси секој ја прави оваа грешка!

Совети од експерт

За да биде шминката беспрекорна и трајна, потребно е да ги знаете техниките на нанесување шминка, особено кога станува збор за течната пудра и нејзиното фиксирање

Шминкерката Нам Во открива трикови за беспрекорно фиксирање на шминката. Најважен е изборот на четка и изборот на пудра во прав.

Одберете ја вистинската четка

Повеќето жени имаат навика да ја одберат најголемата четка и со неа да ја фиксираат претходно нанесената течна основа. Нам Во тврди дека ова е голема грешка. Ако го направите тоа, вашиот тен ќе изгледа „прашлив“. Но ако одберете четка со соодветна голема и ја усовршите техниката на нанесување пудра во прав, можете да го избегнете овој непожелен изглед. Одлучете се за помала четка, со големина приближна на онаа што ја користите за да нанесете руменило.

Исто така, кога ќе ставате пудра во прав, не правете кружни движења и не повлекувајте груби потези од лево надесно, бидејќи така ќе ја уништите претходно нанесената течна пудра.

Одберете ја вистинската пудра во прав

Нашиот избор е AURA POWDERFULL – моќна пудра во прав со лесна текстура и матирачки ефект.

Минералните елементи овозможуваат текстурата на пудрата да се „спојува“ со кожата (skin feel), поради што чувството на лицето е многу пријатно. Минералните елементи не ја сушат кожата и овозможуваат чувство на удобност. Содржи микрочестички што го впиваат вишокот на себум и помагаат во неутрализирање на сјајот, со што се гарантира долготраен мат финиш.

Редизајнираното пакување и двете нови нијанси 05 PINKY и 06 CREAMY ја прошируваат палетата на бои, во кои ќе уживате при секојдневна употреба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.