На 54. роденден се облекла како тинејџерка: Скапата маица откривала повеќе отколку што треба, а под шорцевите сè се гледало!

Сите се во шок

Лорен Санчез одбива да остари и тоа го покажала на својот 54. роденден, кога облекла маица што ѝ го откривала целиот стомак и кратки шорцеви

Лорен Санчез наполнила 54 години, а се однесува како да има 24! Облечена во кратки шорцеви и уште пократка маичка, свршеницата на најбогатиот човек Џозеф Безос, покажала како може да изгледа жена во шестата деценија која има пари и не знае што да прави со нив.

Совршено затегната, со рамен стомак и без грам сало, Лорен го држела Џозеф за рака, додека се подготвувале да одат на забава по повод нејзиниот роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Странските медиуми пишуваат дека Лорен носела маица која чинела околу 4.450 долари!

„И јас би изгледала вака да можам да си го дозволам најдобриот пластичен хирург, кој ќе ми направи облини како овие.“

„Има усни како на патка.“

„Тој изгледа смешно покрај неа“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)


Ни Џеф не бил „за фрлање“. Облечен во фармерки, бела маица и со очила за сонце, изгледал најдобро досега. Всушност, Џеф толку добро изгледа последниве неколку години откако е во врска со Лорен што многумина се прашуваат дали и тој користи ботокс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Сите со нетрпение ја очекуваат нивната венчавка, бидејќи претпоставуваат дека тоа ќе биде огромен спектакл. Инаку, се зборувало дека тие долго време биле во тајна врска, додека нивните партнери не ја откриле аферата.

ФРАЕР ДА БИДЕ: Лорен Санчез објави фотка на која Џеф Безос е гол до појасот и предизвика лавина од коментари
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.