ФРАЕР ДА БИДЕ: Лорен Санчез објави фотка на која Џеф Безос е гол до појасот и предизвика лавина од коментари

Станува жешко...

Лорен Санчез на Инстаграм објави слика од голиот милијардер. „До мене е или стана жешко?“, напиша таа покрај фотографијата. И додека едни велат дека милијардерот изгледа одлично, други коментираат со различен тон.

Поранешниот сопственик на „Амазон“ тешко дека ќе ја надмине оваа слика која изгледа како фотографија од модна кампања. Дали знаевте дека е ваков позер?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Крис Џенер е воодушевена од тоа како изгледа Џеф Безос, како и од стилистката Рејчел Зои, која се огласи на Инстаграм. Имиџот на милијардерот им се допадна и на Ева Лонгорија Бастон и Хајди Клум.

Безос навистина изгледа „најдобро досега“. Трансформацијата на неговиот изглед започна кога заплови во врска со Лорен Санчез, за ​​која многумина велат:

„Ти му го промени животот“, „Го правиш помлад и поради тебе е во топ-форма“.

Но има и такви што веруваат дека таа во Безос видела добра можност која се мери во милијарди долари. Иако потпишаа предбрачен договор кој го штити неговото богатство, таа долго време ужива во луксузот што тој ѝ го овозможува, откако се разведе со Мекензи Скот, со која има четири деца, и која го остави без 38,8 милијарди долари. Врската со Лорен придонесе за пропаѓање на тој брак.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.