Еве како изгледа кога најбогатиот човек на светот слави роденден: На гостите им било послужено сè, од кавијар до бургери!

Го прославил својот 60. роденден

Џеф Безос го прославил својот роденден со најважните луѓе од шоу-бизнисот, а сето тоа го организирала неговата свршеница Лорен Санчез

Џеф Безос го прославил 60. роденденот, а неговата свршеница Лорен Санчез организирала голема гала-прослава, така што ги поканила сите најважни луѓе од светот на шоу-бизнисот.

Па така, на забавата присуствувале Ким Кардашијан, Кејти Пери, Опра Винфри, Бил Гејтс, Кендал Џенер, Хејли Бибер, Џеј Зи, Бијонсе, Орландо Блум, Парис и Ники Хилтон и многу други.

Забавата што била замислена како „мала“ и „приватна“, се одржала во вилата на Безос на Беверли Хилс, додека темата на забавата била „небесно-вселенска доба“, а сè било во стилот на проектот „аероспејс“ на Амазон Блу Ориџин, компанијата Џеф Безос.

Изгледа дека оваа тема збунила многумина, бидејќи Кејти Пери и Орландо Блум се маскирале во вонземјани, додека дамите облекле светкави фустани, а во рацете носеле чанти инспирирани од вселената.

Се зборува дека на гостите им се служело сè од кавијар до оброци од МекДоналдс, додека фотографирањето било забрането, а мобилните телефони морале да ги стават во торбички.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.