Турско пире од компири со месо, печурки и спанаќ: Кремливо, сочно и полно со витамини и минерали

Потпечено пире на турски начин

Совршена идеја за вкусен оброк – еве како Турците приготвуваат месо и пире од компири

Состојки:

За пирето:

  • 5 поголеми компири
  • 3 лажици путер
  • 1 шолја млеко
  • сол

За филот од месо:

  • 300 г јунешко месо, на коцки (може и пилешко)
  • 1 кромид
  • 4 лажици масло
  • 300 г спанаќ
  • 200 г печурки
  • сол и бибер

За сосот бешамел:

  • 3 лажици масло или 2 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • 2 шолји млеко
  • сол
Приготвување:

Прво, сварете компири за пирето. Пригответе го сосот бешамел така што во тенџере ќе загреете путер, додајте брашно и полека додавајте го млекото со постојано матење, додека се соедини смесата. Зачинете по вкус.

Кога ќе го приготвите сосот бешамел и компирот, почнете со приготвувањето на месото.

Во загреано тавче продинстајте кромид, додајте коцки јунешко или пилешко месо, а потоа и ситно сечкани печурки. Сето тоа зачинете го и динстајте на тивок оган околу 20 минути. Додајте и спанаќ, па кога ќе се соедини сето тоа, тргнете го од рингла.

Во компирот додајте млеко и путер, па изматете го во пире.

Во огноотпорни садови прво ставете слој пире од компири, па одозгора ставете слој од филот со месо, печурки и спанаќ, па преку сето тоа, обилно сипете сос бешамел и малку кашкавал.

Печете го јадењето во рерна околу 15 минути на 180 степени Целзиусови.

Погледнете ги деталните упатства за приготвување на овој рецепт во видеото во продолжение…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.