Посни шницли од компир, најевтина и највкусна замена за месо! (ВИДЕО)

Вкусно!

Посните шницли од компир се вкусна и евтина замена за месо во деновите на постот, но и надвор од нив.

За многумина кои сакаат да внимаваат на начинот на исхрана или пак постат, најголем предизвик е како да го заменат месото, а сепак да го направат оброкот здрав и заситен, но и вкусен. Посните шницли од компир се многу вкусни, може да бидат зачинети ако додадете малку мелен пипер, а исто така се многу евтини.

Дали компирот е добра замена за месото?

Иако сме навикнати да биде прилог и вообичаено не му обрнуваме премногу внимание во однос на исхраната, компирот е доволно хранлив за да биде главен оброк. Неговиот разновиден вкус и богатата текстура го прават совршена замена за месото кога сакате јадење што ќе ве држи сити долго време. Може да се користи за правење пити, хамбургери, стекови, супи, па дури и колачи.

Состојки:

8 големи компири
2 главици кромид
магдонос
лажица – две брашно
една лажица презла
мелен пипер (по вкус, не повеќе од половина кафена лажичка)
бибер, сол
масло за пржење

Подготовка:

Компирите исечкајте ги на коцки и додадете ги во водата да се варат заедно со кромидот. Кога ќе се сварат компирите, добро исцедете ги, па испасирајте ги како да правите пире. Измешајте компири со зачини и брашно. Формирајте ги шницлите, ќе има материјал за 10 парчиња. Кога ќе ги формирате шницлите, посипете ги со презла од двете страни.
Ставете ги шницлите во фрижидер десет минути, додека го подготвувате маслото за пржење. Пржете ги 3-4 минути, додека не поруменат од двете страни. Послужете со печурки на скара, салата од кромид или сос од домати.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.