Каша за лекување на црниот дроб и прочистување на организмот: Приготвувајте си го овој појадок 2 пати неделно!

Ќе почувствувате наплив на енергија

Овесната каша важи за еден од најздравите избори за појадок, а ако сакате да ослабите – задолжително појадувајте ја

Во јануари ретко кој ги почитува правилата за здрава исхрана, а тоа резултира со вишок килограми. Време е да ја поправиме оваа грешка. Ако имате хроничен замор, тоа е знак дека телото не работи како што треба. Освен тоа, ако постојано имате горчлив и метален вкус во устата, како и жолти наслаги на јазикот, тоа значи дека време е за прочистување на организмот.

Експертите се сигурни дека можете да го излечите црниот дроб ако секој ден јадете овесна каша за појадок.

Рецепт за каша што го подобрува здравјето на црниот дроб:
  • 1 чаша овесно брашно – Овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи и ја забрзува елиминацијата на токсини. Го олеснува процесот на варење и му ја дава потребната енергија на телото.
  • 20 до 40 г тиква, исчистена и исечкана на коцки – Ги обновува клеточните структури на црниот дроб и ги подмладува. Помага за прочистувањето на сите органи. Јадењето сирова тиква на празен стомак, ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.
  • 1/2 грст суво грозје, добро измиени и раздвоени зрна – Ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага при обновувањето клетките.
  • Бадеми, по желба – Ја нормализираат функцијата на црниот дроб.
Приготвување:

Ставете ги сите состојки во мало тенџере. Додајте вода или млеко, па оставете да зоврие. Можете да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете ја од рингла, поклопете и оставете малку да отстои.

Се препорачува да ја јадете оваа каша најмалку 2 до 3 пати неделно. Брзо се апсорбира, дава енергија и чувство на леснотија, и ги отстранува непријатните наслаги од јазикот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.