Откако го погребала сопругот, се омажила за својот свекор: Тврди дека имала силно оправдување за тоа, но епилогот е неверојатен!

Неверојатна исповед

Нејзината исповед е искрена, но приказната е мошне невообичаена

Пред неколку години исповедта на оваа жена кренала голема прашина. Социјалните мрежи со месеци го критикувале тоа што по смртта на сопругот, одлучила да се омажи за својот свекор.

Имено, таа го изгубила сопругот и останала сама со четири сина. По смртта на сопругот, свекорот се оженил со неа. Иако долго се премислувала што да направи, на крајот се согласила на брак од интерес, а нејзината исповед ви ја пренесуваме во целост…

„Се омажив за својот свекор, родениот татко на мојот покоен сопруг поради неговата пензија… но се случија некои непланирани работи. Откако маж ми го напушти овој свет пред 5 години, останав сама со четири сина, сосема сама… Никогаш не сум имала никого освен него. Ми беше многу тешко, се плашев од иднината, од растењето на децата, обврските.

Минатата година, мојот свекор ми понуди да се омажам за него, со оглед на тоа што свекрва ми почина една година по мојот сопруг. Се чувствував одвратно кога ми кажа да се омажам за него, но потоа се обиде да ми објасни дека тоа е за мое добро, дека ќе ми остане неговата пензија и дека така ќе си ја решам мојата иднина. Инаку, свекорот има германска пензија, и тоа многу добра.

Сè беше во ред со нашиот однос, но пред еден месец, првпат ја преминавме границата на односот свекор-снаа. Иако се венчавме, немавме сексуални односи, бидејќи нашиот брак беше склопен поради неговата пензија, односно така беше до пред еден месец.

Едноставно се случи… Ниту јас ниту тој не се гордееме со тоа, но… Живи луѓе сме и тие потреби во тој момент беа посилни од сè друго.

Пет години дотогаш немав односи со маж. Потоа, се договоривме одвреме-навреме да го повторуваме тоа, кога ќе имаме потреба. Звучи одвратно, но подобро е да спијам со него отколку со други мажи од селото и така да ги срамотам моите деца и покојниот сопруг, нека му е лесна земјата…“, заклучила таа.

Што мислите за оваа ситуација? Постои ли оправдување за ваквиот однос меѓу свекорот и снаата?

„Татко ми е гинеколог и кога го виде ОВА, веднаш знаеше дека партнерот ме изневерува“: Исповед што го шокира светот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.