„Татко ми е гинеколог и кога го виде ОВА, веднаш знаеше дека партнерот ме изневерува“: Исповед што го шокира светот!

Видеото прекуноќ станало вирално

Изабел Салас споделила тикток-видео со наслов „кога татко ти, кој е гинеколог, ќе открие дека дечко ти те изневерува“

Врската меѓу таткото и ќерката би требало да биде посебна, но многу корисници на ТикТок се согласуваат дека не би смеела да биде олку посебна.

Имено, жена по име Изабел Салас споделила видео на ТикТок, во кое го открива следново:

„Кога твојот гинеколог, кој е и твој татко, ќе ти направи годишен преглед и ќе открие дека дечко ти те изневерувал…“

Ова видео веднаш станало вирално, а на многумина не им се верува дека вакво нешто е возможно.

„Мислам дека татко ти не би смеело да биде твој гинеколог“, коментирале многумина, наведувајќи дека тоа е непримерно, дури и загрижувачко.

@isabelsalasvQuisiera decir que es contenido pero sí sucedió hace años 🫠

♬ Black Swan – Swan Lake – Pyotr Ilyich Tchaikovsky


Излегло дека таткото на Изабел Салас забележал нешто чудно за време на прегледот.

На видеото се гледаат канцеларија и екран, на којшто се прикажани резултатите од прегледот. Потоа, жената го снимила својот татко како седи на работната маса, додека внесува информации за консултација во својата база на податоци.

Видеото станало вирално за неколку часа, а корисниците на ТикТок имале поделени мислења. Сепак, најголемо внимание привлекло прашањето како татко ѝ дознал за неверството на партнерот на Изабел.

Всушност, Изабел открила дека имала повторувачки инфекции и покрај тоа што се лекувала.

Некои дури и ја искористиле пригодата за да се пошегуваат околу тоа, со коментари како:

„Вистински ‘папa-николау’, се надевам дека се чувствуваш добро!“

Девојка се посомневала дека партнерот ја изневерува, па отворила тарот-карти: Не можете ни да си замислите што се случило потоа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.