Киселата зелка со димен бит е зимско јадење што му годи буквално секому
Состојки:
- поголема главица зелка
- 1 димен свински бут
- 300 г сува сланина
- 200 г свинска маст
- 2 главици кромид
- 2 моркова
- 1 главица лук
- зачини: лавров лист, црвен пипер, лут и сладок, бибер во зрно, мелен бибер
Приготвување:
Земете 4 големи листови од зелка и спојте ги во еден. Потоа, на големиот дел од зелката, исечкајте еден кромид, лук и ставете зачини. Ставете го бутот и завиткајте го како сарма.
Премачкајте тенџере со маст, па во него ставете го завитканиот бут, а празнините пополнете ги со преостанатата зелка, сланина, кромид и моркови. Сипете малку вода и ставете го сето тоа во рерна да се крчка додека се распадне бутот. Уживајте.
Коментарите се заклучени.