Покојниот актер Метју Пери обвинет за физички напад на неколку жени, меѓу кои и неговата поранешна свршеница!

Кога тогаш се се дознава...

Починатиот актер Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, е обвинет за физички напад на неколку жени.

Меѓу наводните жртви на славниот актер е и неговата поранешна свршеница Моли Хорвиц, откри извор близок до ѕвездата. Шокантните тврдења опишуваат како покојниот Пери „фрлил масичка“ на Моли откако таа се посомневала дека ја изневерува. Ова се случило во 2021 година.

Се шпекулира и дека ја турнал Морган Мозес, која ја запознал на клиника за рехабилитација и која му станала „трезна пријателка“. Ја „фрлил на кревет“ за време на расправија во март 2022 година.

Овие тврдења го оцрнуваат името на Пери, откако тој почина на 54-годишна возраст во октомври, поради предозираност со кетамин додека бил во топла када во неговиот дом.

Наводите даваат и многу мрачна слика за актерот кој на многумина им беше омилена ѕвезда.

Патем, Пери во своите мемоари од 2022 година, „Пријатели, љубовници и големата лоша работа“ тврдел дека конечно бил трезен, по повеќекратните неуспешни обиди да се исчисти и дека платил 9 милиони долари за тој успех.

Сепак, судејќи по тоа како заврши, се чини дека тоа не било вистина.

И покрај медицинскиот тим кој бил со него деноноќно во куќата, Метју во неколку наврати преку апликации за запознавање успеал да набави опијати од различни девојки.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.