Братот на принцезата Дијана објави нејзина досега невидена слика од 1968 година, а сите веднаш го забележаа овој детаљ (ФОТО)

Велат дека ова девојче ги наследило нејзините гени и веќе го нарекуваат идната кралица

Братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер, кој ги напиша мемоарите A Very Private School (завршени пред неколку недели) во кои откри многу шокантни детали за неговиот живот, со децении го чува споменот на својата сестра.

Лејди Ди загина на 31 август 1997 година во Париз, а нејзината смрт сè уште предизвикува прашања. Чарлс Спенсер бил многу близок со својата сестра, а таа љубов ја негува и денес. Тој вчера на својот инстаграм-профил објави слика која претставува скапоцен спомен бидејќи на неа позира со својата сакана сестра, која во тоа време имала седум години.

Мојот прв ден на училиште во септември 1968 година. Татко ми ја направи оваа фотографија од мене и сестра ми Дијана пред да не’ однесе во Силфилд, навистина одлично основно училиште во Кингс Лин, Норфолк. Директорката беше госпоѓица Џин Лоу, топла и грижлива дама, која ги сакаше своите ученици“, напиша Чарлс Спенсер.

Сликата воодушеви многумина на популарната социјална мрежа.

Принцезата Шарлот изгледа како Дијана на оваа фотографија“, „Каква убава фотографија и толку траорна. И кога ги гледам фотографиите од моето детство сфаќам колку бев млада кога се случи несреќата“, „Убаво е да се види Дијана со својата сламена шапка, „Колку убава двојка – татко ви мора да бил многу горд“, „Изгледате како принцот Џорџ и принцезата Шарлот на оваа слика, тие дефинитивно ги имаат гените Спенсер“, се нижат коментарите на следбениците.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.