Пејачката почувствувала забрзана работа на срцето, колабирала и итно била хоспитализирана: Состојбата е сериозна

Препознајте ги симптомите навреме!

Лекарите ѝ откриле згрутчување на крвта во нозете и белите дробови.

Пејачката Тори Кели била хоспитализирана во неделата вечерта. Имено, додека ручала со другарките во ресторан во Лос Анџелес, почувствувала како срцето забрзано ѝ чука, по што се онесвестила.

Веднаш била пренесена во блиската болница каде што биле утврдени индиции дека нејзината состојба е сериозна.

Лекарите ѝ откриле згрутчување на крвта во нозете и во белите дробови, а истражуваат дали има згрутчување и на крвта околу срцето.

Крвните згрутчувања или тромбот може да бидат исклучително опасни по живот. Од крвните патишта се шират низ целото тело и може да ги нападнат срцето, мозокот и другите органи и да доведат до фатални последици.

Кога крвно згрутчување ќе ги затне артериите, мозокот, срцето и белите дробови не добиваат кислород, и како последица на тоа доаѓа до срцев или мозочен удар.

Овие симптоми се знак дека време е да одите на лекар:
  • Отекување: Ова може да се случи на истото место каде што се развило згрутчување или на целата нога или рака.
  • Промена на бојата: Забележувате дека рацете или нозете имаат црвена или сина боја.
  • Болка: Како што се влошува состојбата, така ќе чувствувате повеќе болка. Чувството може да се движи од тапа болка до интензивна.
  • Тешко дишете: Ако се случи ова, тоа може да значи дека тромбот се преместил од рацете или нозете до белите дробови. Може да дојде и до силна кашлица или крв при кашлањето.
  • Грчеви во долниот дел на нозете: Ова чувство се јавува доколку има згрутчување во ногата.
Кога тромбот се наоѓа во близина на срцето, се појавуваат следниве симптоми:
  • Силна болка во рацете и во градите
  • Потење
  • Проблеми со дишењето
  • Проблеми со дишењето и потење се појавуваат кога тромбот ќе се најде во близина на белите дробови, што се нарекува белодробна емболија.
  • Силна болка во белите дробови
  • Кашлица
  • Вртоглавица

За жал, тромбот може да стигне и до мозокот и да предизвика мозочен удар.

Внимавајте на овие симптоми:
  • Тешкотии со видот и говорот.
  • Општа слабост.

Фото: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.