Имате сува и испукана кожа на петиците? Решението се наоѓа во вашиот дом!

Секоја жена се соочила со овој проблем - суви и испукани пети.

Пукнатините на стапалата се јавуваат поради недоволна грижа, но и поради начинот на кој одите, а некогаш влијаат и самите чевли. Во зимскиот период треба посебно да се грижите за вашите стапала бидејќи секогаш се затворени, дали во чорапи или во чевли, а на кожата потребно и е да „дише”. Затоа ви ги претставуваме овие неколку домашни рецепти кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем.

  1. Лимон

Лимонот е одлично средство за отстранување на грубата кожа од петиците поради неговата силна киселина. Исцедете еден или два лимони и измешајте го сокот со вода – колку да ги натопите цели стапала. Чувајте ги потопени околу 15 минути. Исплакнете ги стапалата со млака вода и исушете ги со крпа.

  1. Банани

Покрај лимоните i бананите успешно ја третираат сувата и испукана кожа на петиците. Изгмечете една банана и изматете ја мазната смеса на вашите пети. Оставете да отстои 15 минути и потоа исплакнете со млака вода. Откако ќе ги исплакнете, потопете ги стапалата во ладна вода две минути. Нанесете ја оваа маска на петите секојдневно неколку недели и ќе видите резултати многу брзо.

  1. Оризово брашно

Веројатно до сега не сте знаеле дека оризовото брашно се користи и за третмани на стапала кога станува збор за груба кожа. Со посебни состојки ќе добиете одлична маска за пилинг и хранење која ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе им даде на вашите стапала мекост и сјај.

Ставете јаболков оцет, мед и оризово брашно и мешајте додека сè да се соедини и да добиете некаква паста. Пред да ја нанесете смесата, потопете ги стапалата во топла вода 10 минути, а потоа нанесете дебел слој од добиената смеса и нежно (но добро) втријте ја во петите. Исплакнете со топла вода.

  1. Мед

Покрај повеќекратните функции, медот се користи и како одличен препарат за нега на стапалата. Едноставно e, измешајте 3 лажици мед со топла вода и потопете ги стапалата во неа 20 минути. Добар резултат и меки потпетици се загарантирани.

  1. Глицерин и розова вода

Глицеринот, како што знаете, има големи позитивни ефекти на кожата, а во комбинација со розова вода е вистинска бомба за стопалата! Розовата вода е богата со витамини А, Ц, Д и Е кои ја обновуваат кожата, додека глицеринот ја омекнува кожата. Оваа смеса има антибактериски својства, па одлична е и ако имате непријатен мирис на стапала или проблем со габи.

Ставете ја оваа мешавина на нозете пред спиење и облечете чорапи. Во утринските часови, стапалата ќе бидат целосно обновени. Розова вода можете да купите во аптека, или пак самите да си ја направите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.