Била дрогирана и силувана, преживеала 3 мозочни и 1 срцев удар: Сега, среќата конечно чукнала на нејзината врата!

Со кого се свршила Деми Ловато?

Имала многу тешки периоди во животот, но изгледа дека денес сето тоа е зад неа

Деми Ловато најпрво била свршена со Макс Ерик. Врската со Џордан ја започнала минатиот август – речиси две години по раскинувањето на првата свршувачка.

Вчера, Деми Ловато и музичарот по име Џордан Лутс ја официјализирале својата свршувачка. Џордан ѝ подарил импозантен дијамантски прстен, а двојката зрачела од среќа додека позирале во елегантни црни комбинации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bling Book (@blingbook)

Според извештајот на „Пипл“, по свршувачката, Деми Ловато и нејзиниот свршеник отишле во ресторан во Лос Анџелес за да го прослават интимниот момент со семејството и пријателите.

Низа потресни детали од животот на пејачката и актерка

Пејачката и актерка постигнала светска слава, но споделила и низа потресни детали од својот живот, меѓу кои е и силувањето во тинејџерските години, при што ја изгубила невиноста. Инцидентот се случил додека работела за компанијата „Дизни“, а вршителот на насилството бил од филмската индустрија, но неговото име останало непознато. Деми Ловато во документарната серија „Танц со ѓаволот“ од 2021 открила што се случувало откако се предозирала во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

„Имав три мозочни удари, доживеав и срцев удар. Докторите тогаш ми кажаа дека имам пет до 10 минути живот“, изјавила таа во документарецот, а нејзината пријателка додала:

„Дали навистина зборуваме за тоа? Дали разговараме за ова?“

Во документарната серија, пејачката и актерка себеси се споредува со мачка, бидејќи повеќепати преживеала, а според познатото верување, мачките имаат девет животи.

Мрачната историја на ѕвездата од Дизни: Била силувана од колега со кого работела, со 17 години била на тешки дроги
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.