Мрачната историја на ѕвездата од Дизни: Била силувана од колега со кого работела, со 17 години била на тешки дроги

Шоубизнис

Деми Ловато размислувала за процесот на лекување откако изјави дека била силувана во текот на тинејџерските години.

Таа стана славна откако како тинејџерка се појави во неколку филмови и ТВ емисијата на каналот на Дизни.

Од своите 15 години, Деми оствари големи улоги во хит серијата “As the Bell rings” и “Sonny with a chance”, а исто така глумеше во неколку оригинални филмови на каналот на Дизни, покрај “Camp Rock” и “Princess Protection Program”.

Но како што зборуваше Деми во текот на својата кариера, нејзиното време во Дизни било далеку од позитивно искуство како што го претставувале некои. Актерката изјави дека се борела со пореметувањето во исхраната и зависноста од дрога. Деми, која сега има 30 години, исто така има изјавено дека била силувана во доцните 2000ти години.

Во овој документарец на Јутуб, Деми вели дека ја изгубила невиноста од некого кој ја силувал кога била тинејџерка.

Иако не откри за кого станува збор, Деми само рече дека тоа е некој друг колега од светот на Дизни кој „никогаш не е исфрлен од филмот во кој биле“ откако ја силувал.

„Се смувавме, но му кажав: ‘Еј, ова не од тука подалеку. Јас сум невина и не сакам на овој начин да ја изгубам невиноста.’ И тоа не му беше важно, сепак го направи тоа. И тоа само го интернализирав и си реков на себеси дека јас сум виновна, затоа што сум отишла во соба со него. И понатаму се дружев со него“, вели Деми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

„Христијанската, јужна девојка во мене не го гледаше тоа како силување, бидејќи половите односи не беа нормализирани ниту во детинството, ниту во југот“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

„И знаеш што, *** го, само тоа ќе го кажам: Мојата #MeToo приказна е да кажам некому дека некој ова мене ми го направи и никогаш не беше во неволја поради тоа. Никогаш не беше исфрлен од филмот во кој работеше“, искрено се изјасни пејачката.

Сега, во текот на гостувањето на поткастот Call her Daddy оваа недела, Деми уште еднаш се наврати на мачното искуство.

Во разговорот со водителката Алекса Купер, Деми беше прашана за процесот на лекување од трауматичниот инцидент.

„Мислам дека на некој начин може да се излечат раните“, вели пејачката.

„Можеби не се. Колку повеќе време помина, толку полесно е“

„Но, се уште постои тага, длабока тага во мене што некој тоа ми го зеде во така младата доба“, додаде Деми.

Деми вели дека во тоа време и било многу потешко да се излечи, затоа што личноста која ја силувала се уште работела во Дизни.

„Беше тешко затоа што таа личност се уште беше тука. Во смисла, беше и на Дизни. И така, да го гледаш наоколу беше тешко и тоа навистина ми ги побрка тинејџерските години. И конечно, отидов и добив помош за тоа“, вели Деми во документарецот.

Избегала од дрогите

Поранешната детска ѕвезда раскажа како редовно на очувот му го крадела алкохолот во текот на своите тинејџерски години, пред нешто да се сврти кон кокаинот со 17 годни, кој „премногу го сакала“.

Имено, Деми беше трезна шест години, од своите 20ти до 26 години, но во 2018 година за малку да умреше од предозирање.

Спомнатото искуство предизвика отекување на мозокот, срцев удар и три мозочни удари додека била во болница.

Деми, која е сега на пат сите опијати да ги остави зад себе засекогаш, во поткастот “Call Her Daddy” отворено зборуваше за своите проблеми со зависноста.

„Прв пат почнав да експериментирам со 12 или 13 години. Доживеав сообраќајна несреќа и ми ги препишаа опијати. Мојата мајка не мислеше дека ќе мора да ми ја заклучува просторијата во коа се наоѓаа опијатите поради својата 13 годишна ќерка, но јас во тој момент веќе и тоа како сум испила алкохол“, раскажува Деми и додаде дека била малтретирана и дека барала прибег.

Поранешната ѕвезда на Дизни призна дека често крадела пиво од фрижидерот од својот очув и „пиела сама“, што „би требало да биде главен показател на проблемот“.

Потоа преминала на кокаин.

„Со 17 години прв пат пробав кокаин и премногу ми се допаѓаше. По 18 години бев на одвикнување од кокаин“, изјави таа.

На овој пат кон потполното одвикнување од алкохолоѕ и кокаинот, Деми рече дека „ретко размислува на супстанците“.

Пејачката вели дека „околу себе имала луѓе кои сакале да биде трезна“, но таа мисли дека тогаш воопшто не сакала да биде трезна.

Во март 2021 година Деми откри дека само неколку минути ја делело од смртта кога ја пронашол нејзиниот асистент. Ако никој не би ја нашол тогаш, тврди дека „не би била овде“.

Трауматичното предозирање и го има оштетено мозокот, откако имала и срцев удар и три мозочни удари додека била во болница.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време