Овие знаци не смеете да ги игнорирате! Малите промени на градите можат да бидат знак за канцер!

Ако забележите некоја промена, не одложувајте го одењето на лекар...

Многу жени ги занемаруваат градите и не обрнуваат внимание на деталите поврзани со нив кои можат да влијаат на здравјето. Сепак, важно е да се грижите за нив и да ги следите сите промени што ќе ги забележите. Само така секогаш ќе бидете чекор понапред кога станува збор за вашето здравје.

Секоја промена на градниот кош може да биде знак за рак, па доколку забележите нешто, не го одложувајте одењето на лекар.

Грутка на градите

Мека маса што се движи под вашата кожа е најверојатно циста исполнета со течност. Ако грутката е цврста, тоа може да биде бенигна промена, но сепак треба да проверите кај вашиот лекар.

Осип на брадавиците

Трагите кои наликуваат на каснување од инсект, црвенило или осип кои не исчезнуваат дури и по неколку недели може да бидат знак за некоја форма на рак на дојката.

Збрчкана кожа на градите

Ако ткивото се збрчка како кора од портокал, тоа може да биде знак за блокирани лимфни јазли, што укажува на воспалителен рак на дојка.

Белег што ја менува бојата или формата

Ракот на кожата најчесто се јавува на нозете, но цел на оваа болест може да биде и градите. Обрнете внимание на асиметриите, рабовите на белегот кои се неправилни, варијацијата во бојата и дали таа расте и се шири.

Покрај редовниот преглед на градите што го правите сами, задолжително потсетете го гинекологот да ви ги прегледа градите кога одите на редовен годишен преглед!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.