Александра Николиќ ја објави првата слика од бебето: „Нашата мала убавица, едвај чекам да те запознаам…“(ФОТО)

Преслатко...

Ријалити ѕвездата Александра Николиќ наскоро ќе стане мајка, со нетрпение го очекува своето бебенце заедно со партнерот кој го запозна во „Задруга“ Филип Цар, а вчера заедно направија преглед и ултразвук.

Николиќ откри дека чека девојче и ја сподели својата прва фотографија од утробата.

„Малата не сака да се слика. Оставете ме да спијам! Нашата мала убавица, едвај чекам да те запознаам… Не можам да ти ја опишам среќата што ја чувствував секој пат кога правев ултразвук” – напиша победничката на „Задруга“ и додаде:

„Денеска ги видов нејзините стапала со кои постојано ја клоца мајка си, малиот зашилен нос, малите раце, устата… Мислам дека нема да можам да заспијам од среќа” – истакна во објавата.

И нејзиниот партнер Филип покажа колку е возбуден додека чекаше пред лекарската ординација.

„Напнатост пред ултразвук” – напиша идниот тато Филип Цар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

rfajfh cm