Марија Шерифовиќ се топи од среќа! Пејачката покажа како ужива со својот син, ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Една е мајка...

Марија на својот Инстаграм профил сподели видео кое ги разнежни нејзините многубројни следбеници…

Марија Шерифовиќ во декември минатата година стана мајка на момче кое го крсти Марио. Таа доби наследник преку сурогат мајка во приватна клиника во Лос Анџелес.

Пејачката ужива во мајчинството, па секојдневно на својот Инстаграм профил објавува слики и видеа со синот.

Така Марија сподели малку од атмосферата од нивниот семеен дом. Шерифовиќ се галеше со Марио кој си играше и од среќа ги мрдаше нозете, што посебно ја воодушеви пејачката.

„Какви се овие нозе, што е ова?“, напишала Марија во описот на видеото.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.