Зошто Алекса Деми изгледа неверојатно? Убавата актерка ги откри тајните на својот совршен изглед и сподели неколку совети

Еве зошто Деми секогаш изгледа топ...

Светот на модата и убавината често одат рака под рака со популарноста, поради што многу познати личности се страствени обожаватели на нега на кожа и козметика, а некои дури и инвестираат во бизнисот и креираат сопствени линии за убавина.

Младата актерска ѕвезда, позната по својот совршен „глам” изглед и впечатливите мејкап вештини, Алекса Деми го привлече вниманието на целиот свет со улогата на Меди во хит серијата „Еуфорија“.

Нејзиниот привлечен изглед стана вирален уште кога младата актерка се појави во првата сезона, издигнувајќи ги на ѕвездени височини нејзината убавина и стилски вештини.

Додека обожавателите со нетрпение ја очекуваат новата сезона на серијата, ајде да ги погледнеме советите за нега и начин на шминкање на Алекса.

Здрава кожа пред се!

Актерката цврсто верува во клучната важност на негата на кожа. Пред да почне да применува каков било вид на мејкап производ, во едно видео на гледачите им ја покажа својата рутина пред шминкањето, притоа нагласувајќи колку ѝ е важен овој чекор.

„Сакам да користам малку хидратантен спреј за лице. Опседната сум со органски производи направени од зеленчук, овошје и ботанички производи. Сакам се што е природно” – истакна таа.

За време на карантинот, Алекса многу инвестираше во нега на кожата и купи ролери за лице, масажери и маски од глина со меурчиња, но денес таа верува во едноставноста.

„Мислам дека не треба да продадеш „рака или нога“ за да купиш добар серум за лице. Клучот за добра кожа е во едноставната рутина, сложената нега всушност може да има спротивен ефект” – рече Деми.

Трик за шминкање вреден злато!

Деми истакна дека процесот „baking“ е важен само за пределот околу очите, иако ова е единственото место каде шминкерите во последно време не го применуваат (особено со појавата на „clean girl“ изгледот кој целосно го елиминира чекорот „baking“). Алекса истакнува дека со нанесување на коректор и пудра на очите пред сенката, ја спречува истата да се размачка.

Деми пораснала со мајка шминкерка, па затоа нејзините вештини не не изненадуваат.

Совет кој дефинитивно треба да го послушате!

„Престанете да се гледате во огледало нон-стоп, ако го правите тоа секако дека ќе најдете нешто што не е во ред. Фокусирајте се на други поважни работи” – заклучи Алекса .

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.