Повеќе од 100 луѓе се тркале да ја купат куќата на Ема Стоун, која не е класична холивудска вила – а еве зошто! (ФОТО)

Ова е бајка!

Луѓето се едноставно воодушевени од имотот.

Славната актерка Ема Стоун успеа во рекордно време да ја продаде својата вила во Лос Анџелес. Шпанската куќа во колонијален стил од 1920-тите има четири спални соби и четири бањи, а актерката ја реновирала од темел.

Според Architectural Digest, во една од најбрзите трансакции со недвижности на познати личности во историјата за оваа вила, учествувале повеќе од сто заинтересирани купувачи – па можно е актерката на крајот да инкасира повеќе од четирите милиони долари што првично ги побарала.

Да бидам искрен, луѓето беа навистина воодушевени од тој имот, изјавли агентот за недвижнини Ерик Лавеј од Sotheby’s International Realty, кој бил задолжен за продажбата на куќата на Ема Стоун.


Зданието опфаќа приближно 300 квадратни метри, има четири спални соби и четири бањи. Актерката го купила во 2019 година за 2,3 милиони долари, а потоа ја доградила и темелно ја реновирала.

Ема ја проширила кујната, а потоа изградила и помала куќа за гости на имотот со спална соба, бања, кујна и дневна соба. Дел од изворниот шарм на имотот сепак го преживеал реновирањето, вклучувајќи ги теракота поплочениот двор и столбовите со греди.

Фото: MLS / BACKGRID / Backgrid UK

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.