Комфортот и квалитетот се составен дел на дизајнот

Изборот на парче мебел не е лесна задача. Кога се фокусирате на квалитетот, донесувате одлука чиј резултат често трае со децении. Знаеме за што зборуваме затоа што користиме премиум софи на Пункт мебел во нашите дневни соби во последните 15 години.

Во меѓувреме, многу спомени остануваат поврзани со нив – сеќавања на пријателите кои седеа на нив, на пријатните вечери за двајца, но и на детските тепачки со перници! И се ова преживеано од премиум софите на Пункт Мебел.

Нашата гордост е удобноста во нашите дизајнирани парчиња мебел. Во текот на нашата посветена работа не се издвојуваме само по естетскиот модерен дизај туку и поради нашата фокусираност на удобноста.

Каква корист има една софа ако на неа не може да се чувствувате удобно? Во нашето производство користиме технолошки развиени материјали кои се нашето силно оружје во конкурентноста на меѓународниот пазар.

Комбинацијата на силно искуство од учествата на меѓународните саеми и пазари, нашето континуирано вложување во експертиза и исклучително висококвалитетни стандарди се провлекува низ целиот производствен ланец на Пункт Мебел.

Високотехнолишките процеси и висококвалификуваните раце се користат за создавање уникатни вредности. Љубовта во дизајнот и сериозната посветеност кон секое парче мебел да се биде добро изработено можат да се видат во секое ремек дело од било кој наш производ.

Независно дали ќе се најдете во фабричките тапетарски погони, во машинскиот дел за сечење кожа, помеѓу шивачките машини или пак во просториите за конечна проверка на квалитетот, Вие во секој дел на нашето производство ќе чувствувате мирис на природни премиум материјали кои се гаранција за крајна сензибилна естетска вредност на секое парче мебел.

Ве покануваме да ја погледнете нашата понуда на дизајнирани производи достапни по саемски и намалени цени на саемот за мебел кој ќе се одржи во Спортскиот центар Борис Трајковски, од 20 – 24.03 или во нашиот изложбен салон на ул. Коста Новаковиќ 14. (punktmebel.mk).

Следете нѐ на социјалните медиуми за да бидете во тек со новитетите и промоциите, на нашата Instagram и Facebook страница.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.