Науката потврди: Родителските лаги, какви и да се, директно влијаат врз чесноста на детето!

Постојат два типа на лага, едните се помалку опасни...

Секој родител поминува низ тоа…

Истражувањата на научниците од Сингапур покажуваат дека децата кои се изложени на лаги од нивните родители и блиски ја зголемува веројатноста самите да ја развијат оваа навика.

Студијата на Технолошкиот универзитет Нанјанг го следела однесувањето на 564 деца на возраст меѓу 11 и 12 години за да го истражи влијанието на родителските лаги врз чесноста на детето.

„Лошата вест за родителите е дека понекогаш искреноста може да биде најдобра“, изјави за The Sun психологот д-р Сетох Пеи Пеи, кој учествуваше во студијата.

Тој предупредува дека иако белите лаги можат да бидат добронамерни, ако децата сфатат дека родителите ги лажеле, тоа може да поттикне лаги од нивна страна.

Во истражувањето, лагите беа поделени во две групи: инструментални и бели лаги.

Инструменталните се оние што родителите ги користат за да ги натераат децата да го променат своето однесување, на пример, со тоа што велат дека немаат пари ако децата молат за нови играчки.

Белите лаги се класифицирани како оние што се користат за подобрување на емоционалните чувства на децата, на пример, велејќи дека нивното свирење пијано е „убаво“, а всушност е лошо.

Истражувачите прашаа колку често родителите изговараат или слушаат децата изрази кои се поврзани со инструментални или бели лаги. Децата беа прашани и колку често ги лажат своите родители. Ги прашале и родителите колку често ги лажат.

Инструменталното лажење на родителите беше значително поврзано со лажењето на децата, додека белите лаги беа поврзани со детското лажење доколку децата знаеја дека ги лажат.

„Така, инструменталното лажење значително ја зголемува веројатноста децата да ги лажат своите родители“, заклучил д-р Пеи Пеи.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.