Гинеколог откри колку често треба да ја менуваме долната облека и сите се шокираа: Еве како правилно се пере, сите ја правиме истата грешка!

Дали долната облека има рок на траење?

Гинеколозите не се едногласни кога станува збор за долната облека и нејзиниот рок на траење

Квалитетната долна облека е од пресудно значење за одржување интимна хигиена, бидејќи таа претставува бариера што го намалува ризикот од болести и развој на бактерии, но само ако редовно се менува и правилно се пере.

Исклучително важно е да носиме долна облека со добар квалитет, бидејќи таа ги штити интимните делови на телото од сите бактерии. Но секогаш се поставува прашањето колкав е нејзиниот рок на траење. Експертите не се едногласни, но повеќето сметаат дека не би требало да се носи подолго од една година.

Од друга страна, гинекологот Чавон Момон Нелсон има потполно спротивно мислење. Имено, овој доктор истакнува дека не постои правило дека долната облека треба да се фрли по една години, но мора да се води сметка за хигиената. Особено важен е начинот на перење, иако многу луѓе го прават тоа погрешно.

Како правилно се пере долната облека?

Експертите се согласни дека најважно е да ја перете долната облека во врела вода за да ги отстраните сите бактерии од неа. Не треба да ја фрлате старата долна облека, освен ако не морате.

Доколку од некоја причина не можете да ја перете долната облека на повисока температура, доктор Акерли препорачува да додадете антибактериско средство наменето за перење долна облека, кое уништува до 99 отсто од бактериите.

„Секое перење гаќи на температура пониска од 60 степени, нема да ги уништи бактериите“, појаснил докторот.

Корисниците на социјалните мрежи имале интересна конверзација на оваа тема, а шокантен е фактот што повеќето луѓе носат многу стара долна облека, додека некои не се ни сеќаваат кога последен пат купиле нова.

Ова се некои од најинтересните коментари:

„На факултет сум и имам гаќи од седмо одделение“, „Ги носам истите гаќи веќе пет години“, „Имам постара долна облека од сите луѓе во коментарите“, „Чекај, ова никој не ми го кажал. Јас ја чувам додека се скине“; „Кој сè уште менува долна облека толку често?“, „Никогаш не ми паднало на памет да ги фрлам гаќите по една година ако не биле скинати, дури и некои сум ги сошивала“, „Обожавам да носам провокативна долна облека, не почитувам ниту едно од овие правила“.

Еден од најважните критериуми при изборот на долна облека би требало да биде материјалот од кој е направена. Природните материјали се најдобри, меѓу кои е памукот, кој е и најзастапен и најпрепорачлив. Ќе ви помогне да се чувствувате удобно и нема да ја иритира зоната на вашата интимна регија.

Затоа, задолжително вклучете го овој критериум при наредното купување долна облека и читајте ја декларацијата – таму ќе ги најдете сите информации за точниот состав на долната облека.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.