Кога одбирате миленик внимавајте на многу работи, а овие раси на кучиња не сакаат долги прошетки

Секое си бара одговорност

Грижа и внимание…

Ако сакате да земете куче, но не знаете која раса е идеална за вас, препорачливо е добро да се информирате. Има раси кои бараат поголема активност, па ако немате време за долги прошетки и слични активности на отворено, изберете други раси.

Поседувањето миленичиња има многу придобивки за луѓето како што се намалени чувства на осаменост и анксиозност. Но, кога ќе добиете куче, треба да го носите на прошетка секој ден. Затоа, доколку немате време за повеќе активности на отворено, овие раси се идеални за вас.

Булдог
Булдозите се сметаат за најмрзелива раса. Постојат два вида булдози, француски и англиски. Тие се разликуваат по големина, англиските булдози се малку поголеми од француските.

„Иако на оваа раса на кучиња и треба умерено вежбање за одржување на здрава тежина, тие се задоволни со неколку кратки прошетки во текот на денот и често едвај чекаат да се вратат дома за да се релаксираат“, вели ветеринарот Кортни Џексон.

Јазовичар
Експертот за домашни миленици Шенон Бун во изјава за Best Life вели дека оваа раса е најлесна за одржување. Освен кусите прошетки, потребна им е минимална нега кога е во прашање одржувањето на крзното.

Чивава
Поради малата градба, на чивавите не им требаат долги прошетки. Обично им е доволно да имаат помал простор во кој ќе се движат, поради што се идеален избор за живеење во стан. Затоа, не треба да ве чуди што сопствениците често ги носат во торбите и ранците додека се во град.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.