Овие пејачки имаат милиони: JK е на тронот, следи расна фолкерка, тука е и најсилниот задник, а каде се Цеца и Прија (ВИДЕО)

Кој е како нив...

Листата на најследените пејачки на социјалната мрежа Инстаграм…

Појавата на социјалните мрежи ни ги промени животите на сите нас. На познатите ѕвезди уште толку им го олесни патот до сјајот на шоубизнисот.

1. Јелена Карлеуша е најследената жена во Србија, но и во земјите од поранешна Југославија. Поп дивата може да се пофали со неверојатна бројка од 2 милиони и 400.000 луѓе, меѓу кои се бројни светски ѕвезди како Софија Вергара, Наоми Кембел, Џорџина Родригез и други.

2. Сека Алексиќ, сопственичката на најголемиот хит од првата деценија на новиот милениум „Црно и злато“, го зазеде второто место со два милиони и 300.000 следбеници, благодарение на што има неверојатно добри соработки со познати брендови.

3. Сандра Африка е на трето место меѓу најследените пејачки во Србија. Најдобриот задник на српската естрада собра неверојатни 1 милион и 600.000 следбеници.

4. Драгана Мирковиќ, пејачка на фолк музика која годинава прослави 40 години од својата блескава кариера, има милион и 500.000 следбеници, а на својот профил најчесто објавува фотографии од преполни концерти низ Европа и светот.

5. Теодора Џехверовиќ со своите објави и провокативни видеа успеа да достигне неверојатна бројка од милион и 300.000 следбеници.

6. Дара Бубамара е на естрадата три децении и може да се пофали со бројни хитови. Меѓутоа, последните години со нејзиното име најчесто се поврзуваат скандали благодарение на кои стигнала до бројка од еден милиони и 200.000 следбеници на Инстаграм.

7. Цеца Ражнатовиќ е една од најголемите ѕвезди на овие простори, а благодарение на нејзините хитови собира илјадници луѓе на своите концерти. Таа на Инстаграм најчесто споделува моменти од снимањето на Ѕвездите на Гранд  и настапите во Европа, а благодарение на тоа собрала милион и 100.000 фанови.

8. Маја Беровиќ во последните години го достигна врвот на кариерата со клупски хитови кои имаат огромна гледаност на Јутјуб, а на Инстаграм ја следат околу милион луѓе.

9. Александра Пријовиќ моментално е најбараната пејачка во регионот, а со турнејата „Од исток до запад“ ги собори сите рекорди и постави нови стандарди кога е балканскиот шоубизнис во прашање. Нејзиниот профил на Инстаграм го следат 860 илјади луѓе.

10. Милица Павловиќ минатата година одржа спектакуларен концерт во Арена. Пејачката може да се пофали со профил на кој објавува фотографии од патувањата, а ја следат, исто како и нејзината најголема ривалка Пријовиќ, 860.000 инстаграмџии.

Фото: социјални мрежи

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.