Сите погрешно го приготвуваме сосот болоњезе: Италијански готвач го открива правилото за најсовршените шпагети!

Кулинарски експерт советува

Една состојка додајте, а една исфрлете

Познатиот италијански готвач Џино Д’Акампо открил дека повеќето луѓе погрешно го приготвуваат сосот за болоњезе.

Покрај погрешни тестенини, многумина додаваат и непотребен зеленчук и зачини. Тој исто така открил дека би требало да се користат повеќе видови месо за да се добијат посакуваната текстура и вкус.

  • Најпрво, наместо шпагети, би требало да користите талјатели.
  • Во тавче препржете ситно сечкан кромид, целер и морков.

Традиционално, сосот болоњезе се приготвува со јунешко и со свинско месо.

„Свинското ќе ви даде волумен и вкус, а јунешкото текстура.“

  • Кога месото ќе биде готово, треба да се додаде една посебна состојка – млеко! Така месото ќе омекне, а ќе добие и подобра текстура.
  • Покрај млеко, треба да додадете и вино, заедно со пилешки или говедски бујон. Овие три состојки треба да се готват малку подолго за да не биде сосот кисел.
  • Последниот совет на Џино е да го изоставите доматот, кој инаку често се додава.
  • Наместо него, би требало да додадете малку каша или концентрат од домати, а целиот сос треба да го завршите така што ќе го оставите да се готви три часа на тивок оган.
  • Поклопете го со капак час и половина и мешајте го секои 15 минути.
  • По час и половина, тргнете го капакот. Послужете го сосот со сварени талјатели.
Трик на Гордон Ремзи за совршен сос болоњезе: Овој додаток менува сè!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.