Трик на Гордон Ремзи за совршен сос болоњезе: Овој додаток менува сè!

Пробајте

Дознајте како славниот готвач го приготвува омилениот сос за тестенини

Болоњезе е сос на база на мелено месо и сос од домати, кој потекнува од италијанскиот град Болоња, а обично се служи со тестенини. Италијанците традиционално го послужуваат со таљатели, а кај нас, најчесто се додава врз шпагетите и макароните.

Секој има свој мал трик за приготвување на ова божествено јадење, па така и славниот англиски готвач Гордон Ремзи. Тој верува дека сосот ќе има најдобра конзистенција ако кромидот и морковот се изрендаат пред динстањето. Не само што така ќе му дадат погуста текстура на сосот, туку и побрзо ќе се обработат термички.

Изренданите морков и кромид, како и издробениот лук, славниот готвач ги динста на маслиново масло и со малку исушено оригано неколку минути, пред да додаде мелено месо во тавчето.

Откако месото ќе добие темнокафеава боја, во тавчето додава доматно пире и црвено вино кое го редуцира додека добие густ сос. Потоа, него го разредува со исечкани домати во кои додал неколку капки лут сос.

На крајот од готвењето, во сосот додава неколку лажички кравјо млеко.

„Млекото му дава на сосот богат вкус, но и мазна текстура“, објаснува Гордон Ремзи.

Болоњезе од тиквички по рецепт на Меган Маркл: Тајната на совршениот вкус е во ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.