8 кинески животни вистини што ќе ви го променат животот: Новите почетоци честопати се маскирани во болни краеви!

Мудрости на кинески филозоф

Лао Цу е еден од најпознатите филозофи од кого можат да се научат многу мудри животни лекции

Лао Цу е основач на таоизмот и тој е централна фигура во Кина со векови, а сега ќе дознаете и зошто…

1. Веќе го поседувате одговорот на сите животни прашања
  • „Во центарот на вашето битие лежи на одговорот на сите прашања: знаете кои сте и што сакате.“
  • „Да се познаваат другите е знак на интелигенција, да се познаваме себеси и вистинска мудрост. Да се владее со другите е сила, да се владее со себе е вистинска моќ.“
  • „Кога ќе се ослободам од тоа што сум, станувам она што би можел да бидам.“
2. Кога ќе се препуштите, тогаш ќе се ослободите
  • „Ако сакате да станете целина, дозволете си себеси да бидете нецелосни. Ако сакате да бидете исправни, дозволете си себеси да бидете грешни. Ако сакате да бидете исполнети, дозволете си себеси да бидете празни. Ако сакате повторно да се родите, дозволете си себеси да умрете.“
  • „Имате ли доволно трпение да почекате да исчезне калта и да се разбистри водата? Можете ли да не се придвижите додека вистинскиот чекор не се направи самиот по себе?“
3. Вашето его никогаш нема да ви донесе вистинска среќа
  • „Оној што се дефинира себеси, никогаш нема да знае кој е навистина.“
  • „Оној што има моќ над другите, нема моќ над себе.“
  • „Оној што се обидува да заблеска, ја придушува сопствената светлина.“
4. Злото умира кога се игнорира
  • „Не му давајте на злото ништо на коешто би можело да се насочи и тоа ќе исчезне самото по себе.“
5. Добрината секогаш победува. Злото секогаш губи.
  • „Од добрите зборови произлегува доверба. Од добрите мисли произлегува просветлување. Од доброволното давање произлегува љубов.“
  • „Да се биде длабоко сакан дава сила, а да се сака некого длабоко дава храброст.“
6. Бидете тоа што сте
  • „Ако се грижите за туѓото одобрување, вие сте нивен заробеник.“
  • „Ако сте задоволни од тоа што сте, без натпреварување и споредување со другите, сите ќе ве почитуваат.“
7. Бидете скромни и ќе станете мудри
  • „Мудар човек е оној кој знае што не знае.“
  • „Сè што тече на крајот се влева во море, бидејќи тоа се наоѓа на помала висина. Неговата моќ е во неговата понизност.“
8. Промената е неизбежна – прифатете ја
  • „Ако сфатите дека сè е подложно на промени, нема да се обидувате цврсто да се држите до што било. Ако не се плашите од умирање, не постои нешто што не можете да го постигнете.“
  • „Новите почетоци честопати се маскирани во болни краеви.“
8 работи што треба да ги запомните: Незаборавните мудрости на Конфучие!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.