Ги обожаваме капутот и чизмите на Џенифер Лопез: Зимски стајлинг што го одзема здивот!
Стајлинг за десетка!
Пејачката совршено ја носела оваа комбинација
Џенифер Лопез на Инстаграм објавила фотографија во комбинација која е апсолутен моден погодок.
Покрај тоа што боите се природни, земјени и неутрални, совршено се искомбинирани, а секое поединечно парче е ремек-дело за себе.
Пуфкастиот „мече“ капут во какао-кафеава нијанса има совршен крој и одлично ѝ стои, а чизмите во светло крем нијанса, чиј горен дел е од крзно, со висока потпетица се апсолутно совршени! Секси, одмерени, шик и погодни за секоја пригода.
View this post on Instagram
Стајлингот на пејачката зрачи со одмереност и сексапил, а истовремено е практичен и одличен за различни пригоди.
Музичката дива за овој стајлинг навистина заслужува само пофалби! Се согласувате?