„Најгрдите“ чизми што ги обожава Џенифер Лопез, а ни вие не би им одолеале (ФОТО)
За некого се грди, а за некого најубави
Најпопуларните чизми не се симнуваат од тронот
Удобните чизми-топлинки, како што многумина ги нарекуваат денес, се еден од најстарите трендови во светот на обувките. Иако по самото појавување не беа меѓу најомилените, бидејќи брзо се деформираат при носење, мошне се удобни и топли, па голем број дами се одлучуваат за нив.
Можете да ги најдете во разни нијанси, а најзастапени се во кафена боја, за какви се одлучи и латино-дивата Џенифер Лопез.
View this post on Instagram
Холивудскиот сјај згодната актерка и пејачка го замени со кежуал-издание, а освен популарните чисми се одлучи и за теди-капут, кој е исто така моден тренд што ја освои сцената уште пред две години.
View this post on Instagram
Оваа комбинација е одлична ако патувате или шетате со семејството. Бидете сигурни дека ќе бидете заштитени од студот – целосно!
Фото: Getty Images