Баба побарала пари од ќерка ѝ за да го чува внукот: Постапка што го шокира Интернетот!

Си ја кажала и својата причина

Необичното барање на една баба ја поделил интернет-заедницата

Во денешно време, кога двата родители се вработени, бабите и дедовците помагаат кога треба да ги причуваат внуците додека мама и тато се вратат од работа.

Една баба од Австралија која работи од дома, морала да престане со работа неколку дена во неделата за да го чува едногодишното внуче, поради што одлучила тоа задоволство да го наплати.

Имено, бабата побарала 15 долари од час од ќерката и зетот за чувањето на внукот, а својот потег го образложила со тоа што морала да ја остави работата неколку дена поради тоа.

Ќерка ѝ понудила саатница во висина од 10 долари, но бабата го одбила тој износ, дури и се налутила поради малата понуда.

„Јас не водам градинка. Ми требаат пари за да ја надоместам платата што ќе ја изгубам поради тоа што неколку дена нема да работам“, напишала бабата на социјалните мрежи.

По таа објава, корисниците ја затрупале со коментари.

Голем број корисници сметаат дека оваа баба очигледно воопшто не сака да го чува својот внук, бидејќи бара толку голем износ. Повеќето се согласиле дека толку пари добиваат професионални дадилки, кои завршиле школо и разни курсеви, па ја прашале бабата какви квалификации има таа штом бара толкава саатница.

Меѓутоа, имало и такви што ја поддржале бабата, а како образложение навеле дека треба да добие надомест, бидејќи ќе остане без дел од својот приход.

„Зар нејзина обврска е да работи бесплатно за да ѝ помогне на ќерка ѝ?!“, гласел еден од коментарите.

Што мислите вие? Кој е во право?

Исповед на жена која млада станала баба: „Тоа на ќерка ми ѝ дојде како благослов, а на мене како проклетство!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.