Исповед на жена која млада станала баба: „Тоа на ќерка ми ѝ дојде како благослов, а на мене како проклетство!“

Што мислите вие?

Прочитајте ја исповедта на оваа жена, па споделете ги и вашите искуства

Исповед на жена која сè уште била млада кога станала баба – прочитајте ја, па пишете ни што мислите вие. На чија страна сте?

„Имам 55 години, сопруг и две ќерки. Пред повеќе од една година го добив првото внуче. Бев среќна, како и секоја мајка, што ќерка ми си ја најде среќата покрај чесен човек и што создава семејство.

Кога се роди Владимир, сите мои пријателки ми честитаа со зборовите ‘Блазе си ти, ти си млада баба!’ Воопшто не можев да сфатам за што се работи. Каква врска има дали сум млада или стара? Не го родив јас детето!

Меѓутоа, брзо сфатив на што мислеле жените.

Проблемите настанаа кога ќерка ми си врза во крпче дека мојата улога на баба е секој викенд да го чувам малиот Владимир. Без разлика што сум витална и што можам да постигнам сè, бев навредена.

Зар имам обврска секој викенд да го чувам внучето?!

Ќерка ми се однесуваше како тоа да е сосема нормално. Петок навечер ете ја таа со детето и торбата, го остава малиот до недела.

‘Мора да се одмориме со Бобан’, вели таа онака попатно.

‘Е не може така’, си мислам јас гневно! И јас и сопругот работиме полно работно време од понеделник до петок, а викендот едвај го дочекуваме за да одмориме малку. Но бидејќи ќерка ни решила да ни го остава внучето, викендите никогаш не ни биле полоши.

Трчај по детето, води го во парк, зготви му нешто нормално да јаде, па дали било во тоалет, па дали добро јадело.

Ме снајдоа проблеми на триесетгодишници, а јас возрасна жена од педесет и кусур!

Секогаш сум се смеела на онаа поговорка: ‘Да можеа бабите да чуваат деца, ќе раѓаа деца!’ Сега оваа реченица воопшто не ми е смешна.

По еден непроспиен викенд, крајно исцрпена го дочекувам понеделникот со цврсто одлука да ѝ одржам лекција на ќерка ми! Се острам да ѝ кажам сè и сешто, во смисла ‘Никој не те терал да раѓаш дете ако не можеш сама да го чуваш’ или Ни мене никој не ми помагаше!’, но сепак одлучувам во петок вечер да ѝ кажам:

‘Слушај, ќе ти помагам секогаш кога не можеш да се организираш или кога Владимир е болен. Но да го чувам детето додека ти се одмораш – нема! И јас и татко ти мораме да одмориме! Доста веќе!’

Најверојатно можете да си замислите што се случи потоа: децата секогаш ќе останат деца. Мислат дека родителите се должни да им служат додека се живи. Се налути како некоја тинејџерка и бесно излезе од дома, трескајќи ги вратите!

Не ми е убаво што паднаа тешки зборови помеѓу нас, но мирна ми е главата – а и нозете! Еве ме, денес нормално отидов на работа. Убаво се одморив за викенд. Планирам да ја оставам ќерка ми да се олади малку, па потоа ќе ѝ се јавам, а дотогаш ќе уживам во тоа што сум баба која има граници…“

„Не сакам да се грижам за болната мајка“: Исповедта на оваа жена ќе ве шокира!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.