Бајковит фустан во стилот на старите холивудски диви: Сара Џесика Паркер овој пат ја надминала и Кери Бредшо!

Духот на стариот Холивуд

Откако беше откриено дека ХБО го планира снимањето на втората сезона од продолжението на „Сексот и градот“, неговата главна хероина заблеска на штиците на Бродвеј, а на свечената промоција на драмата Plaza Suite, привлекла внимание во бајковито издание

Како ни многу други колешки од шоубизнис-индустријата, ниту Сара Џесика Паркер не му одолеала на повикот на театарските штици на Бродвеј. Со сопругот Метју Бродерик, двократен добитник на наградата „Томи“, глуми во драмата Plaza Suite од авторот Нил Сајмон.

Благодарение на спомената драма, оваа позната брачна двојка првпат ја дели сцената откако во 1995 година на театарските штици го оживеале мјузиклот How to Succeed in Business Without Really Trying.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

На свечената промоција во рамките на праизведбата на претставата, 57-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ изгледала бајковито во раскошен фустан со потпис на дизајнерот Прабало Гурунго.

Розовиот фустан бил сочинет од подлога за слоеви бел тул, украсен со светкави апликации. Креацијата на Гурунго била во духот на стариот холивудски гламур, кој хероината од „Сексот и градот“ дополнително го нагласила со фризурата.

Како ви се допаѓа фустанот на Сара Џесика Паркер?

Модна „утка“ на Сара Џесика Паркер: Никого не остави рамнодушен, но НЕ во позитивна смисла
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.