Летниот дом на Нина Бадриќ е спој на луксуз и топлина, а погледот од него вреди милион долари (ФОТО)
Островскиот живот на пејачката
Летната резиденција на Нина Бадриќ се наоѓа на Хвар, во северниот дел на островот, во живописната Јелса.
Ова мало место со големо пристаниште е едно од најпопуларните туристички дестинации во централна Далмација, опкружено со вековна борова шума, полиња со лаванда, лозја, маслинови градини и, се разбира, небесно-синото море.
View this post on Instagram
Тивкото гратче полно со историја, сместено во заливот, кое во текот на летото живее сосема поинаков живот и зрачи со атмосфера во медитерански стил, ѝ е втор дом на популарната хрватска пејачка.
View this post on Instagram
Нина на своите следбеници често им открива детали од ентериерот, и секој пат собира многу комплименти. Станот со поглед од најмалку милион долари е украсен во модерен стил, но совршено споен со традицијата.
View this post on Instagram
Посебен акцент на приказната ѝ дава каменот во класичниот далматински архитектонски стил, а во секој агол се забележува дека пејачката претпочита елеганција во комбинација со минималистички детали и ретро-моменти.
View this post on Instagram
Во спектарот на бои доминира белата боја, која во комбинација со природната светлина обезбедува ширина и некоја друга димензија во просторот.
View this post on Instagram
Монохроматизмот е нарушен со неколку парчиња мебел во винтиџ-стил, кој е најизразен во кујната со тиркизни елементи.
View this post on Instagram
На белите ѕидови нема многу слики – доволно е да го отворите прозорецот, кој ги открива уникатните пејзажи, морето и другите природни убавини на овој прекрасен остров.
View this post on Instagram