Беверли Хилс на Балканот! Палми и лежалки на врвот од новата луксузна вила на водителката на Гранд (ВИДЕО)

Популарната пејачка неодамна му се придружи на тимот на „Ѕвездите на Гранд“ како замена за водителката Сања Кужет, а освен професијата, Севиќ неодамна ја смени и адресата.

Пејачката Ана Севиќ до неодамна живееше во Вождовац со семејството, но одлучи оваа локација да ја смени во нешто попрестижно, па се пресели во Бежаниска коса.

Нејзината вила зрачи со луксуз и елеганција, исто како и на многумина во оваа реномирана населба. На врвот на оваа луксузна куќа се наоѓа застаклена тераса, која сигурно ќе ве остави без здив.

Терасата е украсена со палми, а гледаме и неколку лежалки. Исто така, има обезбедување околу целиот имот.

Инаку, Бежаниска коса им е адресата на познатите личности во соседството, меѓу кои Лепа Брена, Саша Поповиќ и Драган Којиќ Кеба, кои ѝ се соседи на Ана Севиќ.

Видео: Youtube Paparazzo lov

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.