Советот на мудриот Конфучиј ќе ве ослободи од сета огорченост што се насобрала во вас: Вака ќе им ставите крај на негативните емоции!

Прочитајте

Како да се ослободите од чувството на огорченост што ја труе душата – кога некој ќе ве повреди и разочара, следете го советот на овој древен мудрец

Човекот е социјално суштество кое разговара, споделува искуства, љуби, бара љубов, но многу односи можат да нè разочараат, да ни го скршат срцето, да не растажат и да нè доведат до состојба на гнев, огорченост, па дури и до токсична омраза. Потиснувањето на огорченоста, лутината и гневот во себе може да биде исклучително ризично по менталното и емотивното здравје.

Овие негативни чувства се како отровни стрели во вашето срце, а единственото решение е простувањето. Само простувањето може да ја излечи душата и да го симне товарот од душата.

Древниот мудрец Конфучиј зборувал за огорченоста на следниов начин – „Ако мразиш, тогаш си поразен.“

Што ни порачува оваа изрека:

1. Многу често негативните емоции не исчезнуваат, бидејќи не е возможно целосно да се прифати тоа што се случило. Личноста е лута и не може да разбере зошто некој воопшто би направил такво нешто. Не може да го прифати својот дел од минатото. Дури кога ќе прифатите дека се случила негативна ситуација и дека односот завршил, дури тогаш можете да продолжите понатаму. Разберете дека не можете да ги промените постапките и зборовите на другите луѓе, како ни минатото.

2. Запрашајте се – што навистина може да промени вашата огорченост? Разберете дека со вашите негативни емоции не ѝ влијаете никако на личноста што ве повредила, туку дополнително се повредувате себеси.

3. Најдобрата реакција на лошото однесување е рамнодушноста – Да се биде рамнодушен не значи дека треба да се преправате и да играте улоги. Да се биде рамнодушен не значи дека е лесно да се прости сè. Да се биде рамнодушен во овој случај значи:

  • Отсега, оваа личност ја гледате како странец.
  • Не ја вклучувате оваа личност во вашите мисли, дела и приоритети.
  • Што е можно повеќе се концентрирате на вашиот моментален живот, одбегнувајќи ги сите оние што веќе ја покажале својата лоша страна.

4. Ваше е да одлучите дали ќе бидете поразени или не – Ако мислите или кажете дека сте поразени, дека сте биле лошо третирани, тогаш се обидувате да влезете во улогата на жртва. Но ако признаете дека се случила негативна ситуација и дека тоа сега веќе е дел од вашето минато, од кое вие сте ослободени, почнувате да одите напред. На тој начин, од губитник се претворате во победник!

9 лекции на Конфучиј што ќе ви го сменат животот: Мудрости што се паметат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.