9 лекции на Конфучиј што ќе ви го сменат животот: Мудрости што се паметат!

Поучно!

Конфучиј бил кинески филозоф и мудрец – негова е животната лекција што гласи „не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават тебе“

Ви ги носиме најдобрите животни лекции на Конфучиј…

1. Сите добри работи имаат своја цена

„Лесно е да се мрази, тешко е да се сака. Вака функционираат многу работи во животот. Тешко е да се добијат добри работи, многу полесно е да се дојде до лошите.“

2. Изборот на пријатели е од суштинско значење

„Никогаш немој да се спријателиш со некој што не е многу подобар од тебе. Не можеме да го бираме семејството, но пријателите можеме.“

3. Никогаш не се откажувај

„Не е важно колку бавно се движете, сè додека не застанувате.“

4. Оставете го минатото во минатото

„Нема ништо лошо во тоа што си грешел, сè додека не го повторуваш тоа.“

5. Давајте сè или ништо

„Што и да правиш, прави го тоа со сето срце.“

6. Контролирајте го својот карактер

„Кога ќе почувствувате гнев, размислете за последиците.“

7. Внесете промени

„Кога ќе стане очигледно дека не може да се постигне целта, не ги приспособувајте целите, приспособете ги дејствата.“

8. Сите можеме да учиме едни од други

„Ако појдам со двајца луѓе, секој од нив ќе биде мој учител. Ќе се огледам на добрите особини на едниот и ќе ги поправам недостатоците на другиот.“

9. Подгответе се

„Животните очекувања зависат од вашата подготвеност. Мајсторот што сака да ја подобри својата работа, мора прво да го наостри алатот.“

8 работи што треба да ги запомните: Незаборавните мудрости на Конфучие!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.