Ова е единствениот правилен начин на палење свеќи во црква: Верниците упорно прават голема грешка на Божиќ!

Како правилно се пали свеќа во црква?

Свеќата служи како извор на светлина, а својата функција ја остварува со пламенот што настанува при согорувањето на фитиљот

Палиме свеќи во разни пригоди, но ретко кој знае како се прави тоа правилно, особено во црква.

Во православната црква, свеќите се користат во богослужбата, а верниците палат свеќи за: покојните, за здравје на своите најблиски и за крсна слава.

Светлината на свеќата претставува симбол на божеството, бидејќи богот во кој ние веруваме, живее во непристапна светлина.

Светлината на свеќата ја означува светлината на Христос, на евангелиското учење, кое ни ги осветлува животните патишта. Светлината на свеќата дава топлина и ја означува нашата љубов кон светецот или човекот за којшто ја палиме.

Не постои празник или ден кога не се палат свеќи за покојните. Тие се палат и на Божиќ, Велигден и на секој друг празник, а многу верници не го знаат овој факт.

Кај народот владее погрешно мислење

Кај народот постои мислење дека во горниот дел се палат свеќи за здравје на живите, а во долниот дел за покојните. Но таа поделба е вештачка и нема смисла, за Бог сите се живи, па така може да се запали свеќа за здравје и во горниот дел и во долниот дел, а истото важи и за покојните.

Свеќата треба да е од чист пчелин восок. Како што пчелата го собира миризливиот сок и поленот од разни чисти и миризливи цветови, така и молитвата на верникот и неговото семејство треба да потекнува од неговото чисто срце и неизвалкана душа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.